Вајт потврди: Миочиќ во март ја брани титулата против Нгану, а Волкановски против Ортега

Долгоочекуваниот настан конечно е договорен. Шефот на УФЦ, Дана Вајт потврди дека ќе се одржи пресметка помеѓу Стипе Миочиќ (20-3) и Френсис Нгану (15-3) на УФЦ 260 што ќе се одржи на 27 март.

Американско-хрватскиот борец ќе ја брани титулата шампион во тешка категорија на УФЦ против борецот со кого веќе имаше дуел.

Нивниот прв меч се одржа во јануари 2018 година кога Миочиќ победи со убедлива едногласна одлука на судиите.

„Честитки. Ме пробивте“, беше одговорот на Вајт на прашањето дали Миочиќ и Нгану ќе го предводат настанот УФЦ 260.

Стипе имаше три борби со Даниел Кормиер по средбата против Френсис.

Во првиот меч го загуби шампионскиот појас, а подоцна си го врати, потоа во последната пресметка на 15 август минатата година тој уште еднаш победи и потврди дека во моментов е најдобриот тешкаш на светот.

Миочиќ во последните десет настапи има осум победи и два порази.

Нагану го совлада Розенструик за 20 секунди во последната борба на 9 мај, но дури три меча пред тоа заврши со нокаут во првата рунда: Картис Блејдс (0:45), Каин Веласкез (0:26) и Жуниор дош Сантос (1:11).

На УФЦ 260 во борбата за титулата во вечерните часови, шампионот во лесна категорија Александар Волкановски треба да го брани појасот против предизвикувачот Брајан Ортега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО