„Планината“ дебитира во боксерскиот ринг (ВИДЕО)

Ѕвездата од сериите на „Стронг мен“ Хафтор Бјорнсон дебитира со нерешен резултат во професионалниот бокс.

Исланѓанецот, кој го играше ликот на „Планина“ во серијата „Игра на тронови“, се соочи со Ирецот Стивен Вард (31-1) во меч од 3 рунди, потежок за 63 кг од него – 152 кг наспроти 89 кг.

„Каква вечер! Шоуто заврши, а големиот Тор удира како коњ. Но, тоа беше одлично. Се надевам дека луѓето го гледаа. Беше прилично возбудливо“, изјави Вард по мечот.

Средбата беше дел од подготовките на Бјорнсон за неговиот меч против уште еден шампион на Строгмен, Ед Хол. Мечот треба да се одржи во септември во Лас Вегас, а „Планината“ едвај чека да се сретне со Англичанецот.

„Многу го почитувам овој спорт, ова е само почеток. Ќе бидам во најдобра форма во животот во септември годинава и ќе го нокаутирам Еди Хол“, се закани Бјорнсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО