Џамал Бен Садик: Ќе го симнам од тронот Рико Верховен

Џамал Бен Садик е подготвен да го симне од тронот Рико Верховен.

Тие ќе се борат на Глори 77, што ќе се одржи на крајот на месецот. Залог е титулата во тешка категорија. 30-годишниот Белгиец со корени од Мароко успеа да го победи Верховен со нокаут пред повеќе години, но загуби во втората борба со нокаут во 5-тата рунда. Џмал можеше да го добие првиот меч откако го повреди шампионот, но не успеа да го заврши.

Сега може да ја поправи оваа грешка и да влезе самоуверен во борбата. Садик го освои турнирот на Глори во тешка категорија во 2018 година, откако победи три пати во една вечер. Тој е во серија од четири последователни победи и нокаутира 29 ривали. Џамал верува дека е време за ново лице во тешка категорија и се заканува дека ќе победи.

„Пред неколку години победив на турнирот на Глори во тешка категорија со скршена рака. Јас сум борец на турнири и победив со една рака. Чекав две години за оваа битка и мислам дека сега сум постар и имам повеќе искуство. Ова ќе биде поразлично во оваа трета битка. Сега сум поинаков борец и поинаку размислувам.

Сè е поинаку во овој момент. Гледам напред кон иднината и не ме интересира што се случи пред неколку години во нашата битка. Мислам дека е време за нов шампион. Мислам дека можам да бидам пример за младите. Не ми требаат 5 рунди за да го победам Верховен и тој го знае тоа.

Го победив Рико, а потоа ќе се борам со оној што е предизвикувач во категоријата. Ја научив лекција од нашата втора битка. Во моите борби секогаш има оган и подготвен сум да станам светски шампион. Време е за ново лице и тоа ќе бидам јас“, вели Садик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО