Вајт: Хабиб се враќа во септември или октомври

Хабиб Нурмагомедов се чини дека ја продолжува традицијата да не се бори често. „Орелот“ го почна рамазанскиот пост и ќе му бидат потребни неколку месеци за да се врати во форма. Требаше пред една недела да се бори со Тони Фергусон на УФЦ 249, но мечот не успеа по 5-ти пат. Хабиб доби многу критики, но Дана Вајт го бранеше и рече дека не тој не бил виновен за коронавирусот.

Развојот на настаните во лесна категорија треба да се продолжи, и како резултат на тоа УФЦ креираше нова привремена титула. За неа силите ќе ги одмерат Тони Фергусон и Џастин Гејџи на 9 мај во Флорида. Вајт ветува невидено насилство на средбата и потврдува дека победникот ќе се бори против Нурмагомедов, кој ќе се врати во септември или октомври.

„Битката меѓу Фергусон и Гејџи ќе биде една од најбруталните борби што ќе ги видите. Можам да ви го гарантирам тоа. Борбата ќе биде неверојатна. Таа е за привремената титула, а победникот 100 отсто ќе се бори со Хабиб Нурмагомедов. Хабиб ќе се врати во септември или октомври“, рече Вајт.

https://www.instagram.com/p/B_PYIqtlNAy/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО