Вајт: Хабиб и Тони ќе се борат по секоја цена

Дана Вајт даде се од себе да не откаже некој од настаните на UFC, но за жал неговите напори мораа да спласнат поради коронавирусот и да ги откаже следните три настани на организацијата. Нема да има настани на УФЦ следниот месец и ќе го чекаме УФЦ 249 закажан за 18 април.

Главната борба ќе биде во лесна категорија меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон, а Дана е категоричен, ќе има битка. Вајт е подготвен да го направи по секоја цена и веројатно нема да биде воопшто во САД. Во интервју за ЕСПН, претседателот рече дека не сакале да ги откажат настаните, но властите вовеле нови ограничувања кои забрануваат собирање на повеќе од 10 лица во една просторија.

„Ги откажавме следниве три настани, но битката меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон ќе се случи. Оваа битка сè уште е валидна. Ги следиме инструкциите, според кои не треба да има повеќе од 10 лица во една просторија. Се надевам, сето ова ќе биде оправи до април.

Борбата меѓу Хабиб и Тони ќе се спроведе без навивачи и сè што е препорачано. Ќе има битка по секоја цена. Веројатно нема да биде во САД, но ќе се случи. Трите настани што ќе бидат откажани ќе се одржат по некое време, а битката меѓу Хабиб и Тони сè уште го има оригиналниот датум. Јас ќе продолжам со борбите“, рече Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО