Вајлдер за реваншот со Ортиз ќе заработи околу 20 милиони долари

Спортската комисија на Невада (NSAC) ги објави официјалните износи на заработка за настанот Вајлдер – Ортиз 2.

Шампионот за 10-тата одбрана на светската титула на ВБЦ има загарантирана заработка од 3 милиони долари, но ЕСПН објави дека вкупно ќе заработи околу 20 милиони долари.

На Луис Ортиз му се гарантира милион и пол долари, но ќе му бидат исплатени околу 7 милиони.

Лео Санта Круз кој се бори за ослободената титула на ВБА „супер“ шампион против Мигел Флорес, има загарантирани 750.000 долари, но ќе заработи 2 милиони долари, додека Флорес ќе добие 100.000 долари.

Брендон Фигуероа ќе добие 200.000 за борбата против Хулио Сехо (50.000).

Борбата помеѓу Луис Нери и Емануел Родригез е откажана откако Нери имаше прекумерна тежина на мерењето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON