Менаџерот потврди: Договоривме меч на Хабиб и Мејведер, но сега Флојд се крие

Флојд Мејведер Јуниор го најави враќањето од пензионија и предизвика лавина реакции во светот на боречите спортови. Сè уште се шпекулира дали ќе се врати во боксерскиот ринг или ќе го испроба во ММА.

Додека се нагаѓа во кој спорт ќе се врати, како и против кој од многуте можни ривали, менаџерот на Хабиб Нурмагомедов објави дека иконата на боксот треба да се врати во јануари на меч против шампионот на УФЦ, но се чини дека  од тоа нема да биде ништо.

Откако Мејведер најави враќање во нов спектакуларен меч, менаџерот на Хабиб, Али Абделазиз објави најавен постер за борбата на Мејведер и Нурмагомедов во Саудиска Арабија во јануари 2020 година, велејќи дека сè е договорено, но дека поранешниот шампион во бокс сега се крие.

„Ова е меч кој беше оргинално планиран, но големиот Татко на овој спорт, Дана Вајт го сокри Мејведер. Ние тројцата знаеме што се случи. Но, драго ми е што Дана Вајт со Мејведер конечно доби добар промотор на своите борби “, напиша Абделазиз.

Нведдува дека борците за таа борба требало да поделат 300 милиони долари.

Мејведер последниот меч го одработи во 2017 година против поранешниот шампион на УФЦ, Конор Мек Грегор, кого го доби без поголеми проблеми за неговата 50-та победа во кариерата. Од друга страна, Хабиб треба да го брани појасот против Тони Фергусон во април или мај следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО