Вајлдер: Судијата го спаси Фјури од нокаут

Светскиот шампион во боксот Дионтеј Вајлдер пак го зајаде Тајсон Фјури. Американецот објави дека судијата го спасил Тајсон Фјури од нокаут во нивниот прв меч. Британецот за чудо се исправи во последната 12.рунда.

„Ја нокаутирав таа будала во првата борба. Него му помогна судијата кој му даде дополнително време“, изјави Вајлдер за Скај спорт.

Реваншот се очекува да се одржи на 22 февруари. Пред тоа, Вајлдер има уште еден меч. Тој ќе се бори против Луис Ортиз на 23 ноември во Лас Вегас.

https://www.youtube.com/watch?v=nvfquEqTXGU
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО