Вајлдер скршил рака во борбата со Фјури

Малик Скот тврди дека Дионтеј Вајлдер ја скршил раката во трилогијата со Тајсон Фјури. Тие се бореа по трет пат изминатиов викенд во Лас Вегас. На нивната средба Вајлдер успеа двапати да го собори Фјури на подот. И „Бронзениот бомбардер“ двапати беше во нокдаун.

Даде се од себе, но едноставно не можеше да се бори со Фјури. Вајлдер се потпираше само на десната рака, додека Фјури имаше огромен арсенал оружје. Подобриот победи, ја одбрани титулата и остана непоразен.

Во интервју за медиумите по борбата, Скот, кој е тренер на Вајлдер, изјави:

„По средбата видовме лекар. Се беше во ред. Дионтеј има скршена усна и скршена рака. Има скршен прст или зглоб. Животот продолжува.

И двајцата беа одлични. Отсекогаш сум велел дека Фјури не е добар, туку е многу добар и близу до големината. Подобриот победува. За малку ќе го претепавме.

Дионтеј рече дека некое време не сака ништо да прави во боксот. Сака да се одмори и јас ќе се погрижам да го направи тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО