Фјури осетил како се ближи нокаутот и крајот на Вајлдер: Таквите удари ја завршуваат кариерата

По фантастичниот меч и нокаут во 11-тата рунда против Дионтеј Вајлдер, Тајсон Фјури замина на прес -конференција на која Американецот не се појави.

Ромскиот крал со победа го одбрани шампионскиот појас на ВБЦ и потврди дека е на самиот врв во тешка категорија.

Британскиот боксер со оваа победа ја заврши трилогијата против Бронзениот бомбардер, која започна во декември 2018 година кога нивниот прв дуел заврши нерешено, а Фјури го победи Вајлдер во седмата рунда минатиот февруари.

„Навивачите беа одлични. Британските обожаватели не можеа да патуваат и немав поддршка како минатиот пат. Ќе има десет пати повеќе од нив ако можат да дојдат. Но, се уште е време на пандемија и да видиме што ќе се случи во иднина“, рече Тајсон Фјури и продолжи:

„Мечот беше одличен. Трилогиите меѓу тешкашите не се вообичаени. Последната беше меѓу Ридик Боу и Ивандер Холифилд. Ова дефинитивно беше историска трилогија. Барав победа и цело време одев на нокаут“.

По четвртата рунда, во која двапати се најде на подот, Фјури го контролираше мечот, а неговите удари беа се попрецизни. Потоа му направи голема штета на Вајлдер, на почна окото да му се затвора, а во пресрет на деветата рунда, доктор влезе во рингот за да ја процени повредата на американскиот борец.

„Вајлдер е тежок борец со големо срце. Кога дојде докторот, мислев дека ќе го заврши мечот. Доби тешки удари, но и добив добар ќотек“, истакна Тајсон Фјури.

Еден од новинарите го праша Ромскиот крал дали размислува за пензија.

„Не те слушнав добро“, одговори шампионот и продолжи:

„Ќе излезам, ќе пијам неколку пијалоци, нема да размислувам за бокс. Последен пат веднаш легнав и отпатував дома. Но, ова е голема победа и сега ќе ја прославам“.

Какво е чувството да го нокаутираш истиот противник повторно?

„Почувствував дека нокаутот се приближува, бидејќи Вајлдер се повеќе се уморуваше. Го удрив со десната рака, а таквите удари ја завршуваат кариерата. Дефинитивно го казнив вечерва, но ќе видиме што носи иднината“, додаде Тајсон Фјури.

Непоразениот Фјури беше фаворит пред натпреварот.

„Следниот пат, инвестирајте пари во мојата победа и заработете пари“, истакна Тајсон Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО