Тајсон Фјури лудо се забавуваше по победата над Вајлдер (ВИДЕО)

Тајсон Фјури стави крај на една од најголемите трилогии во историјата на боксот. Живата легенда го победи својот лут противник Дионтеј Вајлдер, нокаутирајќи го 11-тата рунда во Лас Вега. „Џипси кинг“ остана непоразен во рингот и ја зголеми серијата на 31 последователна победа.

Тој ја одбрани титулата во тешка категорија и сега ќе може да се фокусира на тоа да стане неприкосновен шампион. Фјури е поранешен шампион на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО, ИБО. Тој ги освои овие титули по шокантната победа над Владимир Кличко во 2015 година.

Фјури беше на многу високо ниво во борбата со Вајлдер, при што двапати го испрати на подот. Тајсон и двапати беше соборен, но брзо стана и продолжи да се бори и да му држи предавања на Вајлдер.

По големата победа, Фјури се сретна со славниот диџеј Стив Аоки и заедно славеа.

Ова е видеото од прославата:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО