Вајлдер – Поветкин нема да се одржи

Vajlder Diontej

Светскиот боксерски шампион за професионалци во тешка категорија на Светскиот боксерски совет, Американецот Дионтеј Вајлдер, не полета во определеното време за Москва, каде што треба да ја брани титулата против Русинот Александар Поветкин.

Најверојатно овој натпревар нема да се одржи, соопшти Телевизискиот канал ЕСПН. Претходно беше објавено дека во допинг-примерокот на Поветкин пред мечот со Вајлдер е утврдено дека мелдониум. Американецот и неговиот тим требало во неделата наутро да полетаат од Лондон за Москва, но не се качиле на авионот. Сега планираат да се вратат во САД. Во тимот на Вајлдер рекоа дека така постапиле затоа што средбата ќе биде откажана. Засега нема официјално соопштение за поништување на натпреварот од Светскиот боксерски совет.

Средбата Деонтеј Вајлдер – Александар Поветкин е планирана за 21 мај во Москва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО