Вајлдер: Подготвен сум со Фјури да се борам на негов терен

Fjuri vajlder usta na usta

Светскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, уште еднаш изрази желба да се бори против Тајсон Фјури.

„Подготвен сум да се борам во Англија. Ако Фјури повторно го победи Кличко, ќе одам до таму за да си ги земам титулите. Во Англија ќе се чувствувам удобно – имам пријатели и многу фанови. Актуелниот шампион треба да патува по светот, а не да се бори само пред домашната публика“, изјави Вајлдер.

Фјури исто така беше изјавил дека сака да се бори со вајлдер, така што можноста за организирање на таков меч е голема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО