Трет медал од ЕП: Ката тимот го освои бронзениот медал

kata tim reprezentacija2015-10-24 11.13.48

Женскиот ката тим на Македонија го освои бронзениот медал на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година.

Нашиот тим во состав Маријана и Мишела Димоски и Киријана Камеческа во првото коло беше подобар од тимот на Германија и го победи со 3-2, а во наредното  коло со 4-1 славеше над Русија. Во клучниот меч за влез во финалето Шпанките славеа минимално со 3-2.

Во борбата за бронзениот медал е совладана репрезентацијата на Белорусија 3-2.

Во номеври, на Светсакото првенство за кадети, јуниори и У-21 во Џакарта-Индонезија, нашиот ката тим го освои сребрениот медал.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО