Вајлдер нема намера да го чека Поветкин

Vajlder udira direkt

Менаџерот на Дионтеј Вајлдер – Џеј Дијаз, најави дека неговиот клиент нема намера да го чека Александар Поветкин (Русија), кој е официјален кандидат за титулата на Светскиот боксерски совет.

Шампионот планира уште една доброволна одбрана на круната, која најверојатно ќе се одржи на 26 септември. Се очекува Светскиот боксерски совет да нареди преговорите за средбата меѓу двете ѕвезди да стартуваат најдоцна во октомври.

„Обично до договор за сличен меч доаѓа по преговорите меѓу шест месеци и година. Немаме намера да го чекаме следниот јуни, за да се качиме во рингот. Се надеваме дека Дионтеј ќе победи и во септември“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО