Дејан Митров против светскиот првак Давид Сафаријан!

Dejan  mitrov so znameto vo mok

Дејан Митров (-65 кг) на деншеното жребување во првото коло го доби најтешкиот противник на турнирот во борење на Европските игри во Баку, светскиот првак Давид Сафаријан до Ерменија.

„Имам многу тежок жреб. Во првото коло се борам со светскиот шампион Сафаријан, а во групата го имам и олимпсикиот шампион Тогрул Азгаров од Азербејџан. Ќе дадам се од себе да дојдам до добар пласман“, изјави за ipon.mk Дејан Митров по жребувањето, кој утре ќе истрча прв од нашите борачи во слободен стил.

Тој првата борба ќе ја има во 7 часот по наше време.

Селекторот на репрезентацијата во слободен стил, Лулзим Вренези, вели дека борачите добро се аклиматизирале и дека секојдневно имале мешани тренинзи за да се урамнотежат килограмите.

„Борачите се одлично расположени. Денеска ни се приклучи и Халил Зубаиров. Дејан имам  многу тежок жреб, бидејќи во првото коло се среќава со светскиот првак Сафаријан. Мислам дека ќе победи Митров. Добро сме подоготвени и расположени. Искрено, очекувам победа“, потенцира Вренези.

Halil Zubairov propusnica

Одлучено е Халил Зубаиров (- 85 кг) да го води неговиот и тренер на Вардар, Гајдар Гајдаров, с есо цел да се повтори и да се надмине  успехот од Европското првенство во Полска во У-23, кога освои бронзен медал. Од друга страна, Љубиша Пешко ќе го води Ефендиев од Србија, кој е негов тренер.

„Зубаиров денеска тренираше со спаринг партнерот Заур Ефендиев и имаше контролирање на тежината, додека утре е мерењето и жребањето. Тренерите заеднички ќе ги подготвуваат вардарците и ќе се потрудат да ги израдуваат љубителите во Македонија со медали“, изјави Љубиша Пешко.

 ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО