Антидопинг агенција на САД: УФЦ нема да се меша во тестирањата

ufc-press anti doping

Пред некое време овој месец од УФЦ направија голем чекор во расчистување на спортот од забранетите стимуланси. Тие најавија нова допинг програма и станаа многу поактивни во тестирањето на спортистите.

Гувернерот на допинг агенција на САД (USADA), Тревис Тајгарт е импресиониран од мерките на УФЦ. Тој сега соопшти и малку повеќе детали околу заедничката работа.

„Тие сами се повлекоа од допинг контролата. Ние немаше да се вклучиме во допинг програма, ако имаше решенија кои зависат од нив, како на пример кој да биде тестиран, а кој не. Тие немаат никаква интервенција во тоа. Ние одлучуваме кого да истражиме и почнуваме да го правиме тоа.Покрај тоа ние ги прегелдуваме резултатите и гледаме кој е со позитивен и кој со негативен наод“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО