Шампионот на Светскиот боксерски совет, Дионтеј Вајлдер (САД) возврати на нападите на другиот носител на појасите во тешка категорија, Владимир Кличко. Украинецот го критикуваше својот колега дека неговите ривали се многу слаби.
„Подобро е да се критикува себе си, бидејќи, апсолутно, го прави истото во последната деценија“, контрира непоразениот американски нокаутер и вели дека Кличко се бори со противници, на кои не и се знаат ниту имињата, дури ниту како се изговараат.
„Како да скокаат од зајачка дупка. Тој е свесен за она што го чека кога ќе се соочи со мене. Имам чувство, како да сака да загубам од некого, за да има полесен меч кога ќе дојде време да боксира со мене“, вели Вајлдер.
Следниот натпревар на Вајлдер е на 26 септември. Тој ќе се бори со Французинот Јоан Дјуапа во Бирмингем (САД).