На Балканец му е исклучена струјата, надлежните велат дека ќе се реши ситуацијата

balkanec ekipa so site

Пред некој ден не известија борачите на Балканец од Штип дека им е исклучена струјата и како што порано изјваија дека нема да тренираат, туку ќе играат фудбал, затоа што побараа одговорност од раководството на клубот, па оставка на претседателот.

„Да струјата била исклучена поради неплатена сметка, но верувам дека тоа е средено, бидејќи и порано ни се случувале вакви работи“, вели доскорешниот претседател на Балканец, Стојан Колев, кој посочи дека требало Управниот одбор на клубот требало да го посети градоначалникот Илчо Захариев и да го запознае со ново настанатата ситуација.

Инаку Колев си има дадено оставка на функцијата претседател од здравствени причини и дека за в.д. претседател е поставен Васил Коцев, кого, впрочем, го затекнавме во болничка постела.

Тој за незадоволството на борачите вели дека тоа е како резултат на недодењето на некои членови на Светското првенство, но и дека деновиве е исплатена хранарина.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО