Петра Матијашевиќ ја совлада олимписката шампионка Милца Мандиќ!

Petra udira

Македонската таеквондиска Петра Матијашевиќ ја совлада олимписката шампионка Милица Мандиќ од Србија на „Гранд при Самсун 2015“ во Турција.

Petra Matijasevic

Матијашевиќ првата победа за Македонија ја направи против натпреварувачка од Турција во првото коло на овој турнир, откако зема македонско државјанство, бидејќи претходно таа настапуваше за хрватската репрезентација и има европкси медали.

Матијашевиќ го освои бронзениот медал на овој претсижен турнир, иако беше 15-т0 рангирана, а до него дојде по победите над Лорен Хамон од САД (10-2), потова во второто коло ја совлада актуелната олимписка шампионка и прва носителка на турнирот Милица Мандиќ од Србија сo 7-6, а,трета беше над светската мега ѕвезда во таеквондо Марија Еапиноза од Мексико сo 1-0. Во полуфиналето по многу тактизирање против Џеки Головеј од САД, во претпазлива борба и нерешен резултат, судиите ѝ ја доделија победата на петторангираната Американка поради доделената опомена на Петра. Головеј го освои златниот медал, која во финалето  беше подобра од Бјанка Вокден од Велика Британија. Покрај Петра, бронза освои нејзината доскорешна сонародничка Ива Матош од Хрватска.

Матијашевиќ е близу до исполнување на олимписката норма, таа треба на наредниот Гранд при турнир во Манчестер, Англија, да освои едно од првите три места и така ќе стане сигурен учесник на Олимписките игри во Рио де Женеиро 2016 година. Ако не успее во Манчестер, тогаш останува последниот квалификационен турнир во јануари 2016 година, каде што, според нашиот стручен штаб, шансите се најголеми.

Бронзениот медал на Петра е досега најголемиот успех на македонското таеквондо.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО