Вајлдер: Многу сум разочаран

Vajlder zamislen

Светскиот шампион во бокс во супер тешка категорија на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, излезе со официјално соопштение по повод откажувањето на мечотсо Русинот Александар Поветкин. Како што е познато, дуелот пропадна поради позитивн допинг примерок на Русинот на мелдониум.

„Многу сум разочаран поради позитивниот примерок на допинг тестот на Поветкин, поради штот нема да се одржи борбата на 21 мај во Москва. Многу силно тренирав, за да се подготвам за оваа важна одбрана на титулата, последните две недели ги поминав во Англија, за да се навикнам на европското време.

Сакав да и подарам на навивачите едно одлично шоу. Тоа е големо разочарување за мене, бидејќи ме запира на патот кон мојата цел да ги освојам сите шампионски појаси во супер тешка категорија“, изјави Дионтеј Вајлдер.

Di bela

Во меѓувреме, промоторот на американскиот боксер Лу ди Бела ги коментираше зборовите на менаџерот на Поветкин, Андреј Рјабински, дека средбата не е откажана, туку одложена.

„Поветкин заглави на допинг тестот и сега имаме многу проблеми кои треба да ги решаваме. Мене ми е сеедно што вели рускиот промотор. Неговиот борец не издржа на допинг тестот, предизвикувајќи многу штета на Дионтеј и неговиот тим, затоа сметам дека Рјабински е подобро да си го држи јазикот заа забите“, вели ди Бела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО