Бившиот тренер го нападна Мет Браун во хотелот (ВИДЕО)

Demijan Maja Braun

Мет Браун нема лесно да го заборави престојот во Бразил.

По конфликтот со навивачите, вербален на мерењето и физички на излегувањето на борилиштето, „Immortal“ на УФЦ 198 е поразен со давење од Демијан Маја.

Тоа не беше крајот. Се појавија вести дека некој навивач го нападнал Браун во неговиот хотел. Се испостави дека не станува збор за непознато лице, туку е неговиот поранешен тренер по џиу џица, Родриго Боти. Наводно, Боти го нападнал од зад грб Браун и се обидел да избега. Пријател на Брфаун го стигнал и го фатил пред хотелот. Тогаш се направени овие снимки.

Ова не е прв пат Браун и Боти во физички конфликт. Во февруари 2015 година, тренерот тврдеше дека тешко го претепал Браун.

https://youtu.be/bYryVv5DCjQ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО