Вајлдер: Ќе го победам Фјури и ќе бидам поголем од идолот Мухамед Али

Дионтеј Вајлдер најавува дека ќе го надмине идолот Мухамед Али победувајќи го Тајсон Фјури во борбата за светската титула во супертешка категорија на ВБЦ.

На протмотивната церемонија во Лас Вегас Фјури пристигна на спектакуларен начин во отворено Ферари, Вајлдер изгледаше многу прибрано и најави дека ќе ја оствари 11-та одбрана на титулата и со тоа ќе го надмине Али кој има десет последовни обрани на трофејот во супертешка категорија.

„Ќе биде неверојатно ако дојдам до 11-та одбрана. Никогаш не мислев дека ќе направам ваков успех во супертешка категорија и дека ќе бидем поврзуван со Али. Фјури го победив еднаш со неверојатен нокаут, ќе направам и повеќе за да го урнам рекордот и ќе постигувам уште големи работи“, вели Вајлдер.

Мечот кој е закажан за в сабота ќе биде втора борба меѓу Вајлдер и Фрјури во кратко време. Претходната во декември во 2018 година заврши без победник по одлука на судиите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО