Балканското првенство за деца во Истанбул, нови случувања во Балканската карате федерација

Генералниот секретар на Турската карате федерација, Ерџумент Ташдемир, објави плакат за Балканското првенство за деца од 24 до 26 април кое ќе се одржи во Истанбул.  

Првенството го поддржуваат Балканската карате федерација и Светската карате федерација. Ова е нова федерација, бидејќи другата, старата се вика Карате федерација на Балканот.

Ова е нов момент по она што се случуваше на крајот на минатата година пред сениорското Балканско првенство во Словенија кога балканските држави се поделија и не го одржаа шампионатот во вообичаената формација на држави.

Во Словенија не учествуваа Македонија, Турција, Бугарија, Албанија и Косово, а Грција вообичаено не учествува на балканските натпревари. постои веројатност на овој блок да се приклучи и Романија, а седиштето на БКФ да биде во Скопје.

Во другата беа Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија и Кипар.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10219606247639628&set=a.1077836739008&type=3&theater
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО