Дионтеј Вајлдер: Мојата двегодишна ќерка удира посилно од Фјури

Дионтеј Вајлдер ја брани титулата во тешка категорија на ВБЦ против Тајсон Фјури.

Американскиот боксер, кој е непоразен во досегашните 43 меча, е уверен во победата над Британецот. Вајлдер зад себе има 41 нокаут и не се плаши дека Фјури би можел да биде првиот боксер кој него ќе го нокаутира.

„Дланките на Фјури се како перниче. Сите знаеме дека тој не знае да удира. Мојата двегодишна ќерка удира посилно од него. Секој боксер има своја стратегија, но неговата е очигледно да испраќа празни закани. Тој ги уверува луѓето дека ќе ме нокаутира иако ни самиот во тоа не е уверен“, вели Вајлдер,

Веќе пет години Вајлдер е шампион во ВБЦ верзијата и со десет одбрани на титулата е изедначен со Мухамед Али.

Тој е многу близу до рекордот, тројца боксери 14 пати последователно ја бранеле титулата во тешка категорија. Тоа се Џо Луис, Лари Холмс и Владимир Кличко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО