Вајлдер го нокаутира Ортиз и го предизвика Џошуа (ВИДЕО)

Дионтеј Вајлдер ја одбрани светската титула во ВБЦ во тешка категорија откако во 10 рунда го нокаутира Луис Ортиз, кој беше непоразен до борбата. 

Американецот го зголеми својот импресивен рекорд на 40 победи од исто толку борби, а од кои 39 се со нокаут.

Вајлдер е подготвен за Ентони Џошуа и сака да ги обедини светските титули, бидејќи две во моментов држи Британецот во ИБФ и ВБА. Џошуа на 31 март во Кардиф ќе боксува против ВБО шампионот Џозеф Паркер, но следниот предизвик сигурно ќе биде Деонтеј Вајлдер.

„Сакам да ги обединам титулите. Јас сум подготвен кога тие другите се подготвени“, изјави Вајлдер, кој и немаше така лесна задача против Ортиз, но на крајот се покажа како голем боксер иако беше во проблеми во седмата рунда.

https://youtu.be/Q8TuTDzJYBU

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО