Вајлдер: Фјури ќе го уништам толку многу, што нема да го препознае ни мајка му, а жена му ќе го остави

wilder kamera jazik

По шокатниот триумф на Тајсон Фјури над Владимир Кличко се огласи и шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер, кој по секоја цена сака да се бори со новиот светски првак. Тој во интервју за американските медиуми го предизвика прсметка на интересен начин и му испрати заканувачка порака на Британецот.

„Борба со мене би било навистина лошо искуство за него. Ќе го уништам толку многу, што нема да го препознае ни мајка му. Едвај го чекам тој меч. Ќе го казнам. Поседувам премногу „мафијашки“ стил, што ме прави уникатен“, изјави Вилдер.

Потоа, тој го прокоментира неговото пеење во рингот при славјето.

„Неговата песна беше навистина очајна. По нашата борба тој ќе ја пее истата песна на жена му за да не го остави, затоа што ликот ќе му биде уништен“, заклучи Вилдер.

Вилдер во кариерата има вкупно 35 победи на 35 меча, а вкупно 34 се нокаути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО