Кубрат Пулев со најбрз нокаут во кариерата, но е сомнително смешен (ВИДЕО)

pulev-pozira

Бугаринот Кубрат Пулев ја продолжи својата боксерска кариера во супер-тешка категорија oткако минатата година беше поразен од Владимир Кличко, а синоќа стигна до 22-та победа од 23 меча, која ја оствари со нокаут во првата рунда.

Попураниот „Кобра“ се сретна со Американецот, Морис Харис, во Хамбург, каде што поразен од Украинецот Кличко. За разлика од Пулев кој од самиот почеток тргна агресивно, Харис се фокусираше на својата одбрана демонстрирајќи можеби преголем респект кон противникот и плашејќи се од него. Во втората минута од првата рунда Американецот доби удар во телото, по што се струполи на земја, овозможувајќи му на Пулев по 12 пат да слави победа со нокаут во професионалните борби, која воедна е и негова најбрзо освоена во кариерата.

Инаку, амбициите на тимот на Пулев, односно на тренерот Ули Вегнер од Германија, се повторно да се бори за светската титула, кој со него ја оствари втората победа, првата беше пред два месеца против Бразилецот Жорж Арие.

https://youtu.be/2Kwfho01P0g

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО