Вајлдер: Џошуа ќе зажали што не ја прифати понудата од 50 милиони долари

Светскиот шампион на ВБЦ Дионтеј Вајлдер одамна брка борба за обединување со шампионот на ВБА, ВБО, ИБО и ИБФF Ентони Џошуа, но откри дека разговарал со Британецот и му рекол дека ќе жали што не се согласил на дуел.

Вајлдер ќе ја брани титулата против Тајсон Фјури на 1 декември во Стејплс центарот во Лос Анџелес.

https://www.instagram.com/p/BqrAakZgDgU/?utm_source=ig_embed

„Му реков дека ќе жали што не ја прифати понудата од 50 милиони долари. Џошуа одговори дека има тим и дека тој не се занимава со овие прашања. Му реков: „Не кажувај ништо повеќе“, рече Дионтеј Вајлдер.

„Парите, големите пари отсекогаш биле во Америка. 90.000 гледачи може да отидат да го видат, но тој нема да спечали такви пари. Џошуа ја пропушти таа прилика. Тој не може да направи толку пари во Велика Британија, колку што би можел да направи во нашата борба. Тој е во заблуда кога ги слуша луѓето кои не разбираат како функционира американскиот пазар. Со парите се во ред – тие го знаат тоа. Мозок му е испран и тој чувствува дека треба да покаже лојалност. Во некој момент тој ќе се скрши“, категоричен е Американецот.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО