Хабиб пак избегна одговор за жена му

Хабиб Нурмагомедов продолжува да го држи во тајност името на неговата сопруга. ММА ѕвездата учествуваше на прес-конференција на која се презентираше неговата биографија. Еден од новинарите праша дали пејачката и ТВ-домаќин Олга Бузова е негова сопруга.

„Не може да биде мојата сопруга, тоа не е вистина, немам ништо повеќе да кажам“, рече Хабиб.

Легендарниот УФЦ шампион се ожени пред неколку години. Свадбената церемонија беше во тајност, а излегоа само неколку фотографии. На нив може да се види само прикриена невеста.

Биографијата на Нурмагомедов ќе се појави на пазарот во почетокот на декември. Има 320 страници, а последната глава посветена на мечот со Мек Грегор.

„Мислам дека е подобро да продаваме книги од алкохол и виски“, рече Нурмагомедов.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО