Вајлдер: Џошуа ќе ги земеше 50-те милиони, ако не беше Херн

Дионтеј Вајлдер верува дека со Ентони Џошуа треба да имаат средба лице в лице, за да ја финализираат средбата.

Вајлдер ја спореди нивната ситуација со онаа на Флојд Мејведер и Мани Пакијао кои беа подготвени да се борат само ако прво се сретнат зад затворени врати во хотелот на Пакијао во почетокот на 2015 година.

Потоа се бореа три месеци подоцна.

Лутиот Вајлдер смета дека вината за промашената средба во голема мерка паѓа врз промоторот на Џошуа, Еди Херн. Вајлдер вели ако не бил Херн, Џошуа ќе ја прифател понудата од 50 милиони долари.

„Колку и да му е страв од мене, сакаше да се бори за 50 милиони долари. Но немаше што да направи, бидејќи потпишал со Еди Херн. Мислам дека сите од неговиот тим не веруваат доволно во него и прво го гледаат својот интерес. Џошуа губи фанови, додека јас ги добивам секој ден. Кој мисли дека вината е во мене, е еден од зомбите на Еди Херн“.

Кого и да обвинуваме, прво и двајцата ќе треба да направат по една одделна средба пред да се сретнат во рингот наредната година.

28-годишниот Џошуа кој ги поседува ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО титулите, ќе го брани ВБА појасот против Александар Поветкин на 22 септември во Лондон.

Се очекува во наредната борба 32-годишниот Вајлдер да се сретне со Доминик Брзил, за да ја брани ВБЦ титулата.

Вајлдер веќе е подготвен и на 50 отстоод приходите од средбата со Џошуа, мислејќи на ситуацијата во која се наоѓаат.

„Не сум изненаден, но ситуацијата е едноставно смешна. Изгубија на луѓето три и пол месеци. Така, не сакаа да се борат – се издадоа. Едноставно, да речеа само дека немаат желба да се борат во овој момент. Ќе се обидевме друг пат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО