Стипе Миочиќ: Даниел Кормиер нема никакви шанси, а Нгану ќе се врати подобар од порано! (ВИДЕО)

Стипе Миочиќ го одработи дружењето со медиумите во Лас Вегас, каде што одговораше на прашања во врска со саботната борбат против Даниел Кормиер, но помина и низ некои други теми.

За прв пат во долго време, имаме борба во која Миочиќ ќе ја започне како фаворит, иако според многумина всушност го има најтешките противник досега. Се разбира, секогаш постојат оние кои од ова време ќе го сметаат за аутсајдер, но целокупната ситуација е малку поразлична од некои претходни борба, особено оваа против Францис Нгану.

„Се чувствувам исто како и пред секоја борба, а на коментарите дека сум премиен и прочитан или дека немам шанси се навикнав. ДК е фантастичен борец и во двете категории се бореше против најдобрите во светот. Тој ќе дојде и ќе се обиде да одработи најдобро што знае, но за жал на него, нема да победи. Не знам зошто луѓето ме потценуваат, но не размислувам за тоа. Јас си ја работам мојата работа, сакам да се борам и нема смисла да се занимавам со такви работи“, рече Стипе, а веднаш потоа прејде на темата Нгану.

Во самите најави на борбата против Камерунецот, сите аналитичари освен Дан Харди предност му даваа на Френсис и речиси никој не веруваше дека Миочиќ може да ја издржи силината на неговите удари. Накрај успеа да го помине и тоа, иако признава дека не било лесно. Беше запрашан колку е точна паралелата што ја повлече Дана Вајт на прес-конференцијата.

„Не е баш како „форд ескорд“, но удира јако и не беше нитумалку згодно ниту забавно. Главно ее што на крајот победив, но морам да признаам дека ме потресе, а и ми требаше извесно време целосно да се опоравам од борбата. Кога ќе влезе во првата рунда и те погодува со такви бомби, не е лесно да се издржи. Тој е одличен борец и сигурен сум дека ќе се врати уште подобар отколку што беше. Му посакувам се најдобро“.

Што се однесува до борбата во сабота и до тоа како ќе дојде до победа, не сакаше ништо подетално да разговара, туку го изнесе она што смета дека ќе биде клучно во таа насока.

„Додека ги слушам моите тренери ќе биде се во ред и ќе победам. Ако престанам да ги слушам, јас сум во неволја“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО