Вадим Немков успешно ја одбрани титулата на Белатор

Актуелниот сопственик на титулата во полутешка категорија на Белатор, Вадим Немков, успешно го одбрани појасот и се пласира во полуфиналето на ГП, откако го победи Американецот Фил Дејвис на Белатор 257.

Борбата за титулата што го предводеше настанот мина низ сите рунди, а судиите едногласно досудија резултат 48-47 во корист на рускиот борец.

Немков имаше предност во првите три рунди, но на крајот од битката значително падна физички, дозволувајќи му на Дејвис да ги однесе последните две рунди од по пет минути.

Противникот на Немков во полуфиналето ќе биде одреден во четвртфиналниот меч меѓу Ентони Џонсон и Јоел Ромеро, кои ќе се сретне на 7 мај.

Резултати – Белатор 257:
Вадим Немков го победи Фил Дејвис со одлука (48-47, 48-47, 48-47)
Кори Андерсон го победи Довлетџан Јагшимурадов со ТКО Р3, 2:15
Вета Артеага го победи Дезире Јанез со одлука (28-28, 29-27, 29-27)
Пол Дејли го победи Сабах Хомаси со ТКО Р2, 1:44

Воведни борби:
Џулија Бед ја победи Дајана Силва со одлука (29-28, 28-29, 29-28)
Џулиус Англикес го победи Грегори Милјард со одлука (29-28, 30-27, 30-27)
Стив Мори го победи Шон Ашер со ТКО Р1, 0:55
Грачик Божинин го победи Демарк Џексон со одлука (30-27, 29-28, 29-28)
Рејмонд Даниелс го победи Питер Станоник со одлука (30-26, 30-27, 30-26)
Ленс Гибсон Јуниор го победи Маркус Сурин со одлука (29-28, 30-27, 30-27)
Карл Албректсон го победи Виктор Немков со одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Мадс Барнел го победи Саул Роџерс со завршница Р2, 4:08
Џеј-Џеј Вилсон го победи Педро Карваљо со ТКО Р2, 0:53

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО