Утре во Скопје почнува 52. Меѓунарден боксерски турнир „Златен гонг“.
На Златниот гонг се пријавени 52 боксери од 12 држави.
Покрај нашите репрезентативци на „Златен гонг“ ќе настапат боксери од: Англија, Шведска, Молдавија, Бугарија, Романија, Унгарија, Србија, Белгија, Словенија, Косово, Албанија и Полска.
Турнирот ќе се одржи во спортската сала „Македонско сонце“ при ОУ „11 Октомври“ во Ценатар.
Полуфиналните борби се во сабота со почеток во 15:30 часот, а финалните се во недела во 15 часот.
За прв пат турнирот ќе се одржи без неговиот основач Живко Дуковски кој почина на 22 јануари годинава.