Успешен викенд за борач(к)ите Вардар 1961 – се закитија со три одличја на „Денот на колосите“

Успешен викенд за борачките и борачите на Вардар 1961.

Откако Вероника Рјабаволова освои златен медал на силниот Меѓународен турнир „Јашар Догу“ во Истанбул, Турција, на успехот се надоврзаа и младите надежи на Вардар 1961 на турнирот „Денот на колосите“ во Призрен, Косово, со три одличја – еден сребрен медал и два бронзени.

Со медали се закитија Неда Урошевска сребро, Нина Славевска и Матеј Неделковски со бронзи.

Од стручниот штаб на Вардар 1961 очекуваат добар резултат од нивната борачка Марија Спирковска која настапува на Европско првенство во Шпанија во текот на неделава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО