Вероника Рјабоволова испиша историја за Македонија-освои златен медал на „Јашар Догу“, прв за женското борење

Македонската репрезентативка Вероника Рјабоволова (50 кг) испиша историја за Македонија, за прв пат во женска сениорска конкуренција македонска борачка се закити со медал и тоа златен.

Со пет победи Вероника се пласира на првото место на еден од најсилните турнири во светот „Јашар Догу“ Истанбул, Турција.

За нашата репрезентација настапуваат:

50 кг Вероника Рјабоволова
57 кг Аид Салихаси – девети
61кг Владимир Егоров
70 кг Фати Вејсели – петти
74 кг Расул Шапиев
86 кг Адам Модосјан – осми
92 кг Столе Ефтимов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО