Успешен настап на џудистите на Миоки на „Будо норд куп“ во Шведска

Миоки на Меѓународниот џудо турнир „Будо норд куп“ во Лунд – Шведска оставри забележителен резултат, освојувајќи три одличја првиот ден – злато, сребро и бронза, а вториот четири – по две сребра и бронзи.

Медалите ги освоија (18 мај) :

1.Емилија Паскоска У13 -40кг 1 место (4 борби)
2.Георгина Блажеска У18 -44кг 2 место (3 борби)
3.Азра Заими У18 -52кг 3 место (4 борби)

Одличен настап имала Ива Богдановска која со 2 победи и 2 порази се пласира на 7 место.

19 мај:

1.Емилија Паскоска У15 -40кг 2 место (5 борби)
2.Марко Панчевски У15 -60кг 3 место (4 борби)
2.Георгина Блажеска У21 -44кг 2 место (2 борби)
3.Азра Заими У21 -52кг 3 место (4 борби)

„Одличен настап имаа Ива Богдановска во категорија У21 која со 3 победи и 2 порази беше седма и Петар Давчев кој во категорија У15 со 2 победи и 2 порази се позиционираше на 5 место.

Од 20 до 21 мај наведените џудисти ќе учествуваат на тренинг-кампот Луги во Лунд- Шведска“, истакнуваат од Миоки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО