Девин Хеjни го совлада Васил Ломаченко и ја одбрани титулата апсолутен шампион

Девин Хејни (30-0, 15 КО) го одбрани шампионските појаси на ВБА, ВБЦ, ИБФ и ВБО во лесна категорија во многу неизвесен меч по 12 рунди против Украинецот Васил Ломаченко (17-3, 11 КО).

Во главната борба на настанот одржан во Лас Вегас, американскиот боксер со едногласна одлука на судиите (116-112, 115-113 и 115-113) го совлада двократниот олимписки победник.

А преполната МГМ Гранд гарден арена (14.436 гледачи) судиската одлука ја испрати со свирежи.

Двајцата влегоа претпазливо во мечот, а Ломаченко прв ја почна да ја намалува дистанцата.

Веќе во втората рунда Хејни тргна со сериозни удари, додека Украинецот возврати со силни комбинации.

Ломаченко продолжи да притиска и во третата рунда, а Девин добро го почувствува тоа. Во завршницата Лома поврза одлични тешки удари.

Во текот на четвртата рунда и двајцата имаа свои моменти, при што Хејни возврати со контранапад.

Американецот во средината од мечот префрли во поголема брзина, а неговите удари стануваа се попрецизни.

Се чинеше дека Ломаченко имаше предност во седмата рунда, но Хејни одлично одговараше на секоја закана од неговиот противник.

Осмата и деветтата рунда беа тесни, но беше очигледно дека Васил ја зголеми агресивноста. Погоди неколку одлични удари и беше сериозна закана.

Тој во десетата рунда одговори со одлична комбинација на Хејни, кој најмногу се бранеше и не сакаше да ризикува.

Украинецот уште во 11. рунда се обиде да му се закани на противникот со разни комбинации, но Девин вешто возврати.

Ломаченко почна уште побурно во последната рунда, но Хејни ја намалуваше дистанцата и го удираше противникот по телото. Тој направи доволно за да победи во рундата и да го доведе мечот до крај.

Со 30-та победа во кариерата Хејни ги задржа сите четири главни појаси (ВБЦ, ИБФ, ВБО и ВБА), додека за Ломи тоа беше трет пораз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО