Камерон ја запре доминацијата на Тејлор во женскиот бокс

Кети Тејлор го доживеа првиот пораз во професионалниот ринг во неприкосновената борба за титулата во суперлесна категорија против носителот на појасот Шантел Камерон.

Британката влезе во мечот многу силно за да докаже дека не дошла во Ирска за да и го украси шоуто на локалната миленичка на првото враќање дома.

„Ил Капо“ зададе двојно повеќе удари во бробата, но во однос на прецизноста се чинеше дека двете одеа удар за удар, ако може да се верува на статистиката, бидејќи камерите во реално време едвај успеаја да ја фатат екстремната брзина во нивните раце.

Камерон ќе си оди дома непоразена и веќе има триумф над една од најголемите женски шампионки во историјата на боксот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО