Успешен настап на џудистите на БП во Пале со освојувањето на злато и бронза

Успешно заврши настапот на нашите репрезентативци на Балканското првенство во У-13 во Пале, Босна и Херцеговина, со освојувањето на два медала, златен на Доријан Петкоски и бронза на Томи Блажевски.

Водичот на тимот, спортскиот директор на ЏФМ, Ѓорѓија Стојанов е задоволен од прикажаното на спортистите и со сигурност тврди дека во овие деца има потенцијал за постигнување на уште повисоки резултати во иднина.

Тој истакнува дека одличен настап имала и Емилија Паскоска која ја изгуби борбата за трето место и заврши како петта. Додека солидни настапи имаа Амар Бајрамоски, Стефани Мицкоска, Немања Џагадуроски и Хамида Друштинац.

Претседателот на ЏФМ, Владимир Трпаноски, ги следеше настапите на нашите џудисти, но како потпретседстел во Балканската џудо асоциација беше вклучен во останатите активности на шампионатот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО