Успех на боксерите Јахии и Лама на „Беранска ракавица 2015“!

Беранска ракавица

Висар Јахии е прогласен за најдобар техничар, а Јасин Лама заедно со Реџо Иковиќ од Раднички од Беране за најборбен пар на меѓународниот боксерски турнир „Беранска ракавица 2015“.

Турнирот се одржа во вчера во Беране во Црна Гора, на кој се одржаа 20 борби, а две од нив беа за жени.

Идриз Бислими БК Шкупи-Скопје и Јасмин Мифтар БК Аперкат-Скопје имаа официјален спаринг меч, при што првиот беше поубедлив. Висар Јахии во категоријата до 69 кг го совлада Петар Лаван од БК Раднички од Беране.  Еден од најинтересните мечевим кој, всушност, го одреди победникот на турнирот, беше меѓу Јасин Лама (-60 кг) БК Шкупи и Реџо Иковиќ, при што домашниот боксер победи во една изразито фајтерска борба. Сепак, Лама беше прогласен за најдобра боксер странец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО