ММА организацијата Белатор ќе прави еден од најголемите спектакли на боречките спортови!

bellator-dynamite

На прес-конференцијата по ММА турнирот Белатор 138, претседателот на организацијата Скот Кокер фрли вистинска бомба, велејќи дека планираат да организираат еден од најголемите настани во историјата на боречките спортови. Од соопштението на Кокер стана јасно дека натпреварот ќе се одржи во септември во Калифорнија, САД.

Името на борбениот спектакл ќе биде „Bellator ‘Dynamite’“ и ќе биде организиран во соработка со најголемата кикбокс организација – Глори. Главниот меч на настанот ќе биде битката во слободни борби меѓу актуелниот шампион во полутешка категорија Лиам Мек Гери и легендата во ММА, Тито Ортиз.

Во фајт-картата на турнирот ќе биде вклучени и средбите меѓу четири од најпознатите аткративни борци во полутешка категорија на Белатор: Фил дејвис, Кинг Мо, Линтон Васел и Емануел Њутон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО