Шон Портер го победи Бронер

шон портер

Во борбата на двајцата поранешни светски шампиони Шон Портер и Адријан Бронер заврши со победа Портер на галавечерта во „Ем Џи Ем Гранд“ во Лас Вегас (САД).

Двајцата Американци не ги оправдаа очекувањата на навивачите. Портер беше поагресивен, додека неговиот ривал се потпираше на контранападите. Во 11-тата рунда Бронер доби опомена за држење. Во последниот дел тој се активира и го прати противникот во нокдаун, но беше предоцна. Судиите едногласно му ја доделија победата на Портер (118:108, 114:112, 115:111).

Тоа беше 25-и успех за него (16 со нокаут), наспроти 1 нерешен резултат и 1 пораз.

https://youtu.be/dpJFnj6xnfI

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО