Усман се потсмева со Конор

Светскиот шампион на УФЦ во полусредна категорија, Камару Усман, ја исмејуваше легендата Конор Мек Грегор. Ирецот, кој е првиот во историјата на спортот кој успеал да освои две светски титули во исто време, официјално сака да се бори за трета.

Ноториус инсистира да се врати по една година отсуство од октагонот на мечот со Усман. Според Ирецот, победата во битката за појасот ќе го овековечи и ќе го доведе до нешто што никој друг досега не успеал да го направи.

Сепак, Камару одговори соодветно и практично одби таква борба.

„Конор не е никој. Не е важно. Тој во последните години не направи ништо за овој спорт. За да најде начин повторно да стане некој, тој се обидува да припаѓа на име како мене. Тоа нема да се случи“, категоричен е шампионот.

Усман се подготвува да ја брани титулата против Леон Едвардс. Тие се сретнаа во 2015 година, а тогаш шампионот победи на поени.

„Фокусиран сум на мојот следен меч. Ако е Едвардс, нема проблем. Ако е Чимаев, и јас ќе бидам подготвен. Ако сепак решат да ме спротивстават на малиот Ирец, тоа ќе биде лесна победа“.

Конор дефинитивно не мисли така.

„Јас против Усман за титулата во велтер категорија, тоа е она што го сакам. Во моментов сум голем, силен и здрав. Што може да ми направи? Тој не е ниту подобар напаѓач ниту подобар борец. Каде е опасноста? Не гледам такво нешто. Одам, го земам појасот и влегувам во историјата“, изјави Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО