Усман: Мек Грегор мора да сака да умре, пa бара борба со мене

Камару Усман (16-1, 11-0 УФЦ) одговори на предизвикот од Конор Мек Грегор кој има амбиција да стане шампион на УФЦ во три тежински категории.

32-годишниот Нигериец со американско државјанство минатиот викент со технички нокаут во петата рунда го победи Колби Ковингтон и прв пат ја одбрани титулата во велтер категорија на УФЦ.

„Тој мора да сака да умре“, рече „Нигерискиот кошмар“ за ТМЗ.

„Мислам што? Тој мора да сака да умре. Ова не е категорија до 66 или 70 кг. Видовте што му направи Хабиб. Ох мој Боже, па не би било фер да се борам со Конор. Имам многу почит кон Конор за она што го направи за спортот и го надмина. Но, не, ова не е она што го бараш“.

„Само седни мал човеку, седни. Научете да одиш пред да трчаш, затоа што ќе те повредам “.

Усман како идеален противник ја гледа пензионираната легенда Жорж Сент Пјер.

„Јас сум тип кој сака да им даде еднаква прилика на сите. Ако може да бирам, го сакам ЖСП. Една победа и би се изедначил со него по бројот на последователни победи и колку слатко би било то таа победа да дојдам против него. Тоа би била исклучително интересна борба затоа што ние сме два хибрида на велтер категорија. Кога тој стапи на сцената се можеше. Систематски го кршеше момците и направи борбата да изгледа лесна. Мислам дека сум на повисоко ниво од тоа. Имам сила, кардио, брзина и мислам дека тоа би било голема борба и со сета почит кон Жорж, мислам дека би го завршил“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО