Усман и Барнс за титулата на УФЦ 258

Битката за титулата во полутешка категорија меѓу Камару Усман и Гилберт Барнс сега е официјална. Тие ќе имаат насловна борба на УФЦ 258, што ќе се одржи во Лас Вегас на 13 февруари.

Нивната борба требаше да се случи минатата година, но тогаш Барнс беше заразен со Ковид-19. УФЦ најде замена, Хорхе Масвидал загуби со одлука од Усман.

Усман има статистика од 17-1 во ММА и е во серија од 16 последователни победи. Тој има 2 одбрани на титулата и завршил 8 од неговите битки. Камару не изгубил скоро 8 години и борбата со Барнс ќе биде сериозен тест за него.

Гилберт има учинок од 19-3 во ММА и е во серија од шест последователни победи. Тој минатата година ги победи Вудли и Маја. Барнс заврши 14 средби и загуби само еднаш. „Дурињо“ победи во 8 од последните 9 борби во УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО