Усик започна соработка со Саудијците: Тајсон Фјури не сака да се бори, но ние ќе го договориме тој меч

Одличниот украински тешкаш се надева на помош од Саудијците.

Боксерскиот свет тешко се помири со фактот дека преговорите меѓу Александар Усик и Тајсон Фјури пропаднаа, односно двајцата најдобри светски тешкаши не успеаја да се договорат за борба.

Александар Усик се сврте кон Даниел Дубоа, а борбата најверојатно ќе се одржи на 26 август (осми месец). Тајсон Фјури се уште бара противник и прашање е кога повторно ќе го видиме во рингот.

Навистина е штета што не го гледавме ова боксерско уживање во април годинава, бидејќи токму тогаш требаше да се одржи настанот. Не само што љубителите на боксот не сакаат да се откажат од договарањето на тој меч, туку и самиот Александар Усик не се откажа целосно од таа борба. Тимот на Украинецот реши да потпише договор со промотивната компанија наречена „Skill Challenge Promotions“, која е организација предводена од принцот Калид од Саудиска Арабија. Веднаш по потпишувањето на договорот Усик одржа прес-конференција и најави дека дефинитивно ќе организира меч против Тајсон Фјури во соработка со Саудијците.

„Преку Божји благослов и со помош на принцот Калид и целиот мој тим ќе го организираме тој меч. Тајсон Фјури не сака да се бори, но ние ќе го договориме тој меч“, изјави Усик.

Украинскиот тешкаш очигледно е задоволен од работата што Саудијците ја направија при поставувањето на реваншот меѓу него и Ентони Џошуа. Сега Усик само дополнително ја продлабочи соработката со Саудијците, бидејќи смета дека тие му ги подобруваат шансите да договара меч против „Џипси Кинг“.

Исто така, се надеваме дека Саудијците ќе успеат да ги натераат двајцата од најдобрите тешкаши да се соочат еден со друг, но не смееме да заборавиме на следниот меч на Усик и не смееме да го потцениме Даниел Дубоа. Британецот е опасен боксер и можеби токму тој ќе му ги збрка сметките на Александар Усик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО