Даријан Павлев најдобар борач на „Легендите на Спартак“

На Меѓународниот меморијален 23-ти турнир во борење ,,Легендите на Спартак” вчера во Кочани за најдобар борач на турнирот беше прогласен Даријан Павлев од БК Спартак, а за најдобар домашен борач е Иле Иванов, исто така од кочанскиот клуб, додека најдобар странски борач е Денислав Тилев (Беласица – Република Бугарија).

Даријан Павлев сите противници до финалето ги совлада со резултат 10-0, а финалистот го совлада со туш.

На турнирот се појавија 86 борачи од боречките клубови од Македонија: Спартак, Бучим, Балканец, Бучим шампиони, Борец, Неготино, Вардар 1961, Киро Ристов, Шкупи, Лирија, Тефејус, Чаир и Беласица од Бугарија.

Инаку, борачите на Спартак настапија со 20 борачи во машка и женска конкуренција и освоија 10 медали – 5 златни, 2 сребрени и 3 бронзени.

Златните медали ги освоија: Славица Митева (44 кг), Стојана Митева (50 кг), Иле Иванов (44 кг) Даријан Павлев (58 кг) и Филип Ангелов (70 кг).

Освојувачи на сребрените медали се Марија Нисева (50 кг) и Лазар Ангелов (30 кг), додека бронзените ги понесоа борачите: Едис Билалов (35 кг), Џан Салиов (46 кг) и Христијан Димитриев (70 кг).

„Мислам дека организиравме еден добар турнир на кој се појавија плејада млади но доста надежни борачи. Би сакал да упатам една голема бладгодарност до сите клубови учесници на турнирот како од Македонија, така и од соседна Република Бугарија. Турнирот немаше да биде вака организиран доколку не ни помогнеа Боречката федерација на Македонија, Општина Кочани, како и компаниите од бизнис секторот Амфенол, Копро, М кеш, Винчини, Уникс кидс, Антура, Ауто велт, Европа 92, Шери, Интернационал спид, Евроинс ТиМ Штип, ресторан Пролет. Довидување до следната година и новото издание на легендите на Спартак“ изјави претседателот на БК Спартак Зоран Сребренов по завршување на турнирот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО