Канело не сака нов борба: Бивол цели кон нокаутерот Бетербиев

Вадим Корнилов, менаџерот на непоразениот руски ВБА шампион во полутешка категорија, Дмитри Бивол, изјави дека неговиот клиент сака борба со Артур Бетербиев и разговарал за можен реванш со Сoл „Канело“ Алварез.

„Тимот на Алварез не сака реванш. Знаат дека загубија лошо во првата битка и имаат уште помали шанси за победа во реваншот. Кога некогаш сте слушнале поразен боксер да бара реванш под исти услови? Тоа е глупаво. Значи нашата цел е Артур Бетербиев“, изјави Корнилов за Боксинг247.цом.

Минатиот мај Бивол со едногласна одлука го победи Канело. Вкупно, Русинот има 21 победа во 21 борба во професионалниот ринг. Артур Бетербиев има 19 победи во 19 борби, сите со нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО