Усик заплака по победата. Тато, успеавме! Слава на Украина!

Александар Усик го победи Тајсон Фјури со поделена одлука во фантастична борба во Ријад и ги обедини сите титули во тешка категорија. Брилијантниот Украинец за малку ќе го нокаутираше Фјури во деветата рунда, на кого судијата му броеше, но беше спасен од ѕвоното на крајот од рундата. После тоа, Усик ја контролираше борбата и победи.

Додека ја чекаа одлуката на судиите, Фјури и Усик се дружеа во рингот и се гушкаа. Откако Брус Бафер објави дека станал светски шампион, Усик заплака, погледна кон небото и го повика својот починат татко.

„Тато, виде ли? Го направивме тоа! Слава на Украина! Благодарам на мојот тим. Ова беше голема можност за мене, моето семејство и мојата земја. Ова е голем ден. Секако дека сум подготвен за реванш“, викаше Усик во микрофонот.

Во договорот за овој меч има клаузула за задолжителен реванш и тој треба да се одржи во октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО